Денес во салата на Советот на Општина Кочани Градоначалникот Николчо Илијев ги врачи договорите на студенти на Државните универзитети инаку жители на Кочани за користење на студентски стипендии.

Годинава на распишаниот конкурс се пријавија 19 кандидати од кои двајца не ги исполнуваа условите а додека останатите 17 во следните десет месеци ќе добиваат по 3.000,00 денари студентска стипендија.

Пред да ги потпишат договорите и истите да им бидат врачени Илијев на студентите им посака успешна учебна година и испрати апел на следниот конкурс кој ќе биде распишан кон крајот на оваа година се пријават што поголем број на кандидати бидејќи и годинава конкурсот беше распишан за 30 кандидати а на истиот конкурираа само 19.

С. Ивановски

DSCN0352

DSCN0354

DSCN0376DSCN0373DSCN0367

DSCN0381DSCN0364DSCN0362

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари