Во пресрет на големиот христијански празник Божиќ, компанијата „ИНТ“ подели пакети со прехранбени продукти на семејства во социјален ризик.

Одговорните од „ИНТ“ истакнуваат дека намерата е да помогнат празникот да внесе мир и спокојство кај сите семејства, особено кај ризичните.

Целта на овој гест е да ги мотивира сите што имаат повеќе, да поделат со луѓето што немаат, што истовремено претставува и поттик за поголемо меѓусебно почитување и човечност.

Божиќните пакети беа поделени на семејства на територијата на Кочани, како во градот, така и во населените места.

DSC_0151

DSC_0156

462

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари