Почитувани сограѓани,

Во пресрет на еден од најрадосните празници, дозволете ми од мое лично име и од името на општинската администрација да Ви го честитам големиот христијански празник Раѓањето Христово – Божик, и да Ви посакам празничните денови да ги поминете во добро здравје, радост и среќа.

Празникот нека внесе мир и спокојство во срцата, добрината секогаш да биде во нас и нека нѐ води понатаму низ животот – да бидеме луѓе кои градат вистински христијански вредности, меѓусебно почитување и солидарност.

Честит Божик!

За многу години!

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари