По едномесечни преговори конечно управата на ФК „Слога 1934“ од Виница и Крсте Крстев се договорија. Од почетокот на пролетната сезона Крстев ќе го води Виничкиот третолигаш, а во работата со екипата а посебно со голманите ќе му помага некогашниот голман на ФК „Осогово 1934“ Игорчо Данев.

Како што дознаваме задачата на Крстев ќе биде да ја стабилизира екипата која по есенскиот дел на првенството во Трета Лига – Исток се наоѓа на последното место, да оформи играчки потенцијал и веќе од наредното првенство да биде стабилен клуб чија цел ќе биде горниот дел на табелата.

Благодарение на Општина Виница и на бизнис секторот од овој град екипата финансиски е стабилизирана па со нетрпение се очекуваат идните настапи.

Во есенскиот дел од првенството виничани на неколку натпревари одиграа мошне добро, а некои што поради судиски неправди, што поради не баш големиот играчки кадар загубија натпревари  на кои бодовите им беа во раце речиси до последните минути од натпреварот.

ФК „Слога 1934“ ќе стартува со подготовките во првиот ден од месец Февруари.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари