Со традиционалниот Новогодишен коктел, членовите на ОО на СДСМ Кочани ја дочекаа  новата  2019 година.

Претседателот на ОО на СДСМ Кочани Дарко Радески во своето обраќање пред присутните изрази задоволство од сплотеноста на членовите на партијата и најави успешна година за жителите на Кочани.

Оддавајќи им признание на сите членови на партијата за сработеното во веќе изминатата 2018 година Радески  истата ја оцени за успешна.

На крајот заблагодарувајќи им се за присуството ја искористи можноста уште еднаш на сите граѓани на Општина Кочани да им ги честита Новогодишните и Божиќните празници.

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев и секретарот Александар Јосифов како почесни гости присуствуваа на коктел дружењето.

С. Ивановски

56

57

59

58

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари