Долго најавуваниот Божиќен концерт на ФА „Кочани“ кој во изминатите години се одржуваше како Новогодишен ги оправда очекувањата, со настапот и програмата неговите членови ја воодушевија кочанската публика.

Преполната сала во ЦК „Бели Мугри“ со овации ги поздравуваше настапите на членовите од најразлична возраст на ФА „Кочани“, кои пак со песни и ора од различни краеви на Македонија знаеја да им се оддолжат за довербата што им ја укажаа со нивната посетеност.

„Вечерва го проследив Божиќниот концерт на Фолклорниот ансамбл „Кочани“. Стотина членови од најразлични возрасти, играорци, играорки, музичари и гости приредија несекојдневно фолклорно и музичко патување низ повеќе краеви од Македонија. Овој концерт покажа континуирана работа, екипираност, новини во репертоарот, резултати постигнати во текот на годината. Им честитам на одговорните и на сите членови на Фолклорниот ансамбл „Кочани“ за трудот и посветеноста, за успешната организација на Божиќниот концерт“  не го криеше задоволството по завршувањето на концертот првиот човек на Општина Кочани Николчо Илијев.

С. Ивановски

DSC_0290

DSC_0294

DSC_0266

DSC_0244

DSC_0247

DSC_0260

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари