Со два дена задоцнување од оправдани причини, на своето традиционално место, следбениците и почитувачите на ликот и делото на Маршалот на некогашна Југославија, Здружението на Граѓани „Јосип Броз Тито“ од Кочани на скромен и достоинствен начин ги прославија своите 11 години постоење.

По интонирањето на химната „Хеј Словени“, Трајче Трендов, Претседател на ЗГ „Јосип Броз Тито“ од Кочани, ги поздрави присутните. Трендов направи една кратка ретроспектива за она што здружението во изминатите години го организираше. Почнувајќи од посетите на „Куќата на цвеќето“ во Белград, до прославата на сите значајни датуми кои некогаш се славеа на просторите на големата Југославија.

Радува податокот што годинава на прославата бројот на оние кои го следат ликот и делото на Јосип Броз Тито, е во значителен пораст. Радува податокот што во здружението од ден на ден се зачленуваат нови членови меѓу кои многу поголемиот број се млади. Радува податокот што здружението работи и понатака скромно и достоинствено, онака како што не учеше Маршалот, Јосип Броз Тито.

С. Ивановски

DSCN8464

DSCN8460

DSCN8465

 

DSCN8457

DSCN8469

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари