Широките мермерни скали на јужниот дел од блокот „А“ во Градскиот Трговски Центар и малите на северниот дел кај истиот блок со право почнаа да се нарекуваат „Скали на стравот во зимски услови“.

Причината поради која така се нарекуваат е кога ќе подмрзнат во зимски услови или кога ќе се покријат со снег претставуваат вистинска опасност за оние што ги користат, па не ретко имало и паѓање од кои некои и потешки.

Дознаваме дека набргу скалите ќе бидат доста посигурни, бидејќи на средината на широките ќе биде поставен ракофат за да може и на качување и на слегување да се користи, а малите исто така од десната страна ќе добијат ракофат па нема со ризик да се слегува по нив.

Се очекува во наредните денови ракофатите да бидат поставени.

С. Ивановски

DSCN0133

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари