Додека некои екипи на КЈП „Водовод“ од Кочани си ја вршат работата како што треба, други по се изгледа работењето го сметаат за забава и тоа го работат реда ради.

Од наш сограѓанин добивме две фотографии за модерно расфрлање на песок по улиците низ градот.

Се гледа како и покрупни камења се исфрлаат без притоа да се помисли дали возилото позади нив ќе биде оштетено или не.

Дали и за вакво нешто е потребно да се спроведе обука, е прашањето на кое ќе треба да дадат одговор надлежните во „Водовод“.

С. Ивановски

99

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари