По долги низа години денес во Кочани беше обновена една традиција, денес по низа години низ улиците на Кочани по повод големиот христијански празник Коледе, денот пред Христовото раѓање беше организирана „Бадникова поворка“.

Околу 150 дечиња со ѕвездичка во рацете која ја симболизира „Витлемската ѕвезда“ ја пееја песната „Вечниот Бог“ во чија содржина се опишува настанот на раѓањето на спасителот Господ Исус Христос.

По завршувањето на Светата Литургија „Бадниковата поворка“ тргна од Црковниот храм „Св. Вмч. Ѓорги“ па низ улиците „Димитар Влахов“ до крстосницата во „Стришани“ од каде пак по улиците  „Стево Теодосиевски“ „Кеј на Револуцијата“,  „Градскиот плоштад“, „Маршал Тито“ и „Димитар Влахов“ повторно да се врати во Црковниот храм „Свети Ѓорги“.

Самата идеја да се обнови оваа традиција и учеството на дечињата во поворката наиде на позитивни оценки кај поголемиот број од населението во Кочани.

С. Ивановски

52

53

54

55

56

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари