Детскиот ангелски глас кој ечеше низ виничките улици со песнатта „Вечниот Бог“ масовно ги анимираше православните верници да излезат и да ја поздрават првата детска Бадникова поворка во Виница.

Преку 100 дечиња на возраст од 3-13 години го најавија големиот христијански празник Божиќ, а пештерата која го симболизира раѓањето Христово како подарок од манастирот во Рајчица, сите заеднички ја донесоа од храмот „Св.Архангел Михаил“ во црквата „Св.Лука“.

Со златните ѕвезди кои ги изработија нивните мајки, децата ја најавија и Витлеемската ѕвезда која ги водела тројцата мудреци до местото каде што бил роден Исус.

Поворката која ја следеа и родители и верници внесе светлост и радост низ виничките улици.
„Ние како организатори сме среќни што успеваме овие 100-на и повеќе деца да ги организираме и да ги научиме да ја пејат вистинската, правилна христијанска песна, стара коледарска песна Вечниот Бог. Огромна чест и задоволство ми е што градот Виница за првпат учествува со Бадникова поворка и по самиот настан се гледа дека има задоволство и радост какко кај децата, така и кај возрасните“ изјави организторот Магдалена Глигорова,
Поворката беше пречекана и од градоначалникот Ивица Димитров во храмот „Св.ЛУка“. Сите деца беа дарувани со подароци кои ги обезбедија повеќе приватни компании (Макпрогрес, Рото-М; Златна рака Кики, Треска-Мебел Трејд; Радио Ла Коста КГ -продукција -Кристијан Ѓорѓиев; Фото Стела; такси Лисец-Транс), како и Општина Виница, а со целосна подршка од Храмот „Св.Архангел Михаил“ и свештениците, Здружението „Бадникови поворки “ како и хуманитарната организација „Св.Спас’ од Скопје со отец Оливер Петровски.

Општина Виница

72

73

74

75

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари