И првите денови од новата година покажаа дека домашната култура и грижата кон она што е заедничко е табу тема за некои жители на Кочани.

Колку и да се пишува, укажува на лошите работи залудно е кога тие се повторуваат во континуитет.

Жителите честопати знаат да бидат и безобразни кога критикуваат како сметот не им се навреме собира, пишуваат но никако да се запрашаат дали и кога контејнерите се празни тие можат сметот да го оставаат секаде каде ќе посакаат, само не таму каде што му е местото, во контејнерите.

А и на оние што го фрлаат сметот во контејнерите како на тие пак да им се објасни дека таму не треба да ја фрлаат пепелта и жарот што останува од нивните шпорети.

Токму поради отсутноста за размислување и денес беше запален еден контејнер, и тоа во централното градско подрачје, во непосредна близина ГТЦ спроти „Балкан Лукс“.

Дали некој кој сигурно го видел невоспитаниот жител на Кочани требало истиот да го пријави останува како загатка која треба тој самиот да си ја решава, но време е некој да почне да сноси последици за ваквиот неодговорен однос кон она што на сите им е заедничко.

С. Ивановски

3334

35

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари