Поради пукање на цевка на главната линија од водоводната мрежа од вчера навечер (Вторник) жителите на улиците „Скопска“ и „4-ти Мај“ имаат прекин со водоснабдувањето.

За да не дојде до поголеми оштетувања поради ниските температури вчера навечер откако бил забележан дефектот дотурот на вода е прекинат.

Денес екипи на КЈП „Водовод“ од Кочани работат на отстранување на дефектот и како што сме информирани се очекува околу пладне вода да потече во домовите на улиците кои моментно немаат вода.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари