Општина Виница во соработка со Комисијата за организирање настани и манифестации и Комисијата за избор на спортист за 2018 година, ја организира манифестацијата „Спортски асови 2018“
На Манифестацијата ќе се изберат:
– најдобар спортист за 2018
– најдобар млад надежен спортист ;
– најдобар клуб (во младинска и сениорска конкуренција);
– најдобар тренер (во младинска и сениорска конкуренција);
– најдобар Спортски работник
– најдобар спортски училишен клуб
– најдобар спортски настан

  • Право на учество во изборот имаат сите спортисти, спортски работници и клубови со добиено Решение за дејност спорт од Агенцијата за млади и спорт, со седиште во општина Виница, за сите кандидатури потребно е да се достават релевантни докази за соодветно членство (фотокопија од клупска легитимација и сл.)
    – При пријавувањето е потребно да се достават податоци за постигнатите резултати и фотокопии од добиените признанија од првенства и турнири.Предност во бодувањето ке имаат признанија добиени на Државни, Балкански, Европски и Светски првенства, во однос на турнири.
    – Пријавите треба да содржат и податоци од лице за контакт со телефонски број.
    – Рокот за пријавување е до 20 јануари 2019, а документите се доставуваат до Инфо центарот во општина Виница (Собраниска зграда-3-ти спрат)
    – Телефони за контакт: 078-496-649; 070-610 -965

Општина Виница

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари