Снегот кој што денес го зафати Кочани не ги изненади надлежните служби, напротив тие беа спремни да му одговорат на предизвикот, но со застарена механизација толку.

Имено во Кочани како и во минатиот век, песок се расфрла по улиците од приколките на тракторите. Што и да се каже залудно е, но и во такви услови сепак колку-толку се подобруваат условите на возачите.

КЈП „Водовод“ до 2008 година имаше машина која го расфрла песокот, но каде е и што стана со истата некој ќе треба да даде одговор, а се дотогаш ќе биде вака како и денес, песокот ќе се расфрла рачно, оние кои го фрлаат ќе смрзнуваат а возачите ќе внимаваат да не отскокне некое мало каменче и да не им ги оштети шофершајбните и предниците на возилата.

Колку пари, толку музика.

С. Ивановски

66

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари