Со цел да се развива што побрзо зимскиот туризам, компанијата МЕПСО на туристичкиот центар „Пониква“ и подари опрема со која и кога врнежите на снег ќе бидат со намален интензитет љубителите на скијањето ќе можат да ги користат ски патеките, особено сноу-борд патеката.

Опремата ја чинеше компанијата околу 1.000.000 евра а истата се состоеше од ратрак, топови за вештачки снег, моторна санка и друга опрема за сноуборд.

За да се стави во функција опремата беше формирано заедничко претпријатие на двете општини „Пониква КП“ во кое беше предвидено да се вработат две лица од Кочани и едно од Пробиштип. И опремата на некој начин беше поделена, ратракот и санката припаднаа на Општина Кочани а топовите за вештачки снег на Пробиштип.

Топовите за вештачки снег својата официјална промоција ја имаа на 21.12.2013 година кога се покажаа како нешто добро што и те како ќе користи за побрз развој на зимскиот туризам а особено зимските спортови.

И овде работата наеднаш застана. Претпријатието „Пониква КП“ не проработи па за истото Советот на Општина Кочани на 20.06.2018 година донесе одлука за негова ликвидација. Опремата остана поделена и заглави еве веќе петта година помеѓу лавиринтите на Општините Кочани и Пробиштип. Ратракот е во функција, но каблите на топовите за снег се исечени и тие сега стојат како зимски експонати на Пониква.

Ако сакаме развој на зимскиот туризам мора под итно овој проблем да се реши. Ако минатите градоначалници немаа време во изминатите четири години да го решат проблемот барем сегашните нека се обидат да изнајдат начин како сето тоа ќе се стави во функција а бенефисот ќе го имаат љубителите на зимските спортови па и љубителите на зимскиот туризам.

Со добра волја и желба се може да се направи. Па и крајно е време да се реши енигмата со топовите за вештачки снег и истите да се стават што побргу во функција.

С. Ивановски

P3290719

DSCN9973

DSCN9906

32

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари