Членовите на УМС при ОК на ВМРО ДПМНЕ – Кочани со вчерашната акција им покажаа на граѓаните на Кочани дека политиката не треба да биде секогаш во преден план.

Тие со лопати и друга опрема излегоа по студеното време со цел да го расчистуваат снегот онаму каде навистина граѓаните имаат потреба.

Се чистеа пристапните места во Општа болница, во градинките, тротоарите во делови од градот, односно го расчистуваа снегот онаму каде што видоа дека е потребно.

Кога службите не можат да постигнат се, ваквиот потег на УМС при ОК на ВМРО ДПМНЕ – Кочани треба да го следат сите жители на градот, бидејќи од такво нешто сите имаме полза.

Потегот на УМС при ВМРО ДПМНЕ – Кочани е за почит а истовремено и патоказ како треба во вакви услови сите да се однесуваме.

РЕСПЕКТ

С. Ивановски

43

4442

41

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари