Ако е според народните верувања 2019 година Виница ќе ја води женски бериќет, односно годината треба да биде плодна и бериќетна.

Ива Стоименова е девојчето кое треба да и донесе среќа и бериќет на општина Виница за 2019 година. Прво новороденче во новата година, на свет пристигна на 02 јануари точно напладне.

Новороденчето е прво дете на Делфина и Ивица Стоименови од Истибања кои денес беа посетени од градоначалникот на Општина Виница Ивица Димитров. кој од името на општината им врачи ваучер од 8.000,00 денари и пакет хигиенски производи.

Општина Виница 2018 година ја заокружи со солидна бројка на новороденчиња, 135 , од кои како првородени биле 51 дете, а како третородени се 21, или вкупно во Виница, 211 фамилии се корисници на надомест за трето дете.

Ива Стоименова како првороденче, покрај 8.000,00 денари од општината, ќе добие и еднократен надомест од 5.017,00 денари од Центарот за социјални работи.

Општина Виница

5253

54

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари