Ако кажеме дека политиката е длабоко навлезена кај секој граѓанин на оваа држава не значи дека сме откриле нешто ново, туку напротив, тоа е нешто што трае повеќе од дваесет години а во последните неколку години доведено е и до совршенство.

Во последно време повторно како и порано зачестија коментарите за речиси секој текст и тоа секој од свој агол толкувајќи си го напишаното.

Ако нешто се напише добро за „комуњарите“ веднаш реагираат „војводите“ и обратно, секој не учи како и што треба да пишуваме или поточно кажано како да ни сугерираат што имаме право а што не да објавиме.

Епа вака почитувани читатели. Ние како портал постоиме во континуитет од 01.Јули 2007 година. Досега имаме објавено околу 20.000 текстови со повеќе од 100.000 фотографии. Секогаш се трудиме да ви го презентираме она што се случува во градот и околината, но дел од Вас и понатака се однесува како тие да се финансиерите на порталот па си дозволуваат понекогаш со вулгарности да коментираат било кон противниците (таква е поделеноста во државата) било кон авторите на текстот.

Ваквото изживување и нецивилизираноста на поединци нема повеќе да го дозволиме. Секој оној кој ќе ги прекрши правилата со вулгарен или нецивилизиран коментар ќе му биде ставена забрана порталот да го отвора а не пак да може и да коментира.

Дали ова ќе му се допадне некому или не веќе е негов проблем, а ние и понатака ќе продолжиме како и досега па без разлика дали ќе не критикуваат „војводите“ или „комуњарите“, а сите нивни коментари кои се добронамерно поставени ќе ги прифатиме.

Со почит кон читателите

Ваш  www.komarec.com.mk

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари