Кочанските навивачки амбасадори Тоше, Бранко, Гоше, Зоран и Илија и годинава му одговорија на предизвикот, заминаа за Германија на Светското ракометно првенство за повторно да бидат со ракометарите, и повторно да им дадат поддршка во борбата за висок пласман.

„Кочанската навивачка 5-ка“ од 2009 година (Светско првенство во Хрватска за мажи) па до денес е на сите поголеми ракометни и кошаркарски настани. Освен на Светското првенство во ракомет за мажи што се одржа во Катар 2015 година каде од оправдани причини не се појавија, на сите останати се присутни.

Да бидеш присутен на 4 Светски ракометни првенства (2009, 2011, 2013, 2017) на 5 Европски ракометни првенства (2010, 2012, 2014, 2016 и 2018) и на 5 Европски кошаркарски првенства се бројки за почитување но и за гордеење што еве тоа се сепак наши сограѓани кои секаде на достоен начин го претставуваат  „градот на оризот“.

Се надеваме дека овој пат нашата „Кочанска навивачка 5-ка“ ќе оди до крај, бидејќи очекуваме ракометарите да одиграат за 5-ка и да обезбедат ако ништо друго барем директен пласман за Олимписките игри.

Ајде момци одиме гласно до крај на првенството.

С. Ивановски

4243

4544

46

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари