После училиштето во с.Трсино, заштеди на струја со помош на фотоволтаици ќе имаат и три значајни институции во градот, еден од објектите на Детската градинка „Гоце Делчев“, гимназијата „Ванчо Прќе“ и општинската зграда.

Вкупниот грант на национално ниво за 36 општини е 15, 5 милиони евра и дополнителни 5 милиони евра како кофинасирање од страна на Владата на Република Македонија.

Со ова значително ќе се намали потрошувачката на електрична енергија, а со тоа и финасиските средства за оваа намена. Истовремено со овој проект ќе се зголеми искористеноста на енергија од алтернативни извори согласно стратешките определби на владата за зголемување на искористеност на енергија од други извори и заштита на животната средина.

Општина Виница

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари