Студентите од Виница од денес може да аплицираат на новораспишаниот Конкурс на Здружението “Свет Крст“ и општина Виница за добивање на одреден месечен студентски надомест, чија висина ќе биде дополнително утврдена во зависност од донациите кои ќе пристигнат од локалните компании во градот.

Минатата година беа обезбедени вкупно 415 900 денари , средства кои беа распределени на вкупно 21 студент за вкупно 9 месеци.

И оваа година сите заинтерисирани кандидати треба да достават соодветна документација во просториите на општина Виница, а конкурсот е објавен на веб страната и на фб профилот на општина Виница.

Општина Виница

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари