Во организација на ПСК „Осогово“ од Кочани за во Недела (20 Јануари) е закажан планинарски марш од манастирот „Св. Пантелејмон“ до месноста „Раткова скала“.
Патеката е во должина од 10,5 километри а ова прв марш што се организира во оваа година.
Поаѓањето е најавено во 06:30 часот од Кочани, а од манастирот „Св. Памтелејмон“ поаѓањето е закажано за во 07:00 часот.
Од ПСК „Осогово“ апелираат до ловџиите да ловат и пукаат на места кои се подалеку од патеката која е планинарска и е обележена.
Засега своето учество на маршот освен планинари од Кочани го потврдиле и од планинарските клубови од Велес и Прилеп а деновиве се очекува тоа да го сторат и планинари од останатите клубови во државата.
Според прогнозите патеката треба да се помене за околу 3 часа.
С. Ивановски
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.