Општина Кочани влезе во проектот „Зајакнување на општинските совети“, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), што го реализира Програмата за развој на Обединетите нации – UNDP.

Целта на проектот е да ги заживее општинските совети и да ја зајакне нивната улога во локалниот триаголник на власт преку обезбедување знаења за членовите на советите и подобрување на квалитетот на работењето.

Проектот ќе овозможи вмрежување на советите од сите општини во Македонија и пошироко и ќе обезбеди поддршка во олеснување на комуникацијата помеѓу заедницата и советите како начин на подобрување на транспарентноста и отчетноста на локалната власт.

Активностите ќе се реализираат во три компоненти. Првата е јакнење преку развој на капацитетите на членовите на советот врз основа на традиционалните и иновативните методологии; втората компонента е јакнење на советите преку финансиска поддршка

(мали грантови) за приоритетни активности на општините, избрани врз основа на јавни консултации и третата е јакнење преку вмрежување, кодификација, институционализација и одржливост.

Со проектот „Зајакнување на општинските совети“, Општина Кочани ќе добие 62 илјади американски долари. Од нив, 12 илјади долари ќе се наменат за воведување на најмалку една иновативна иницијатива за граѓанско учество, а 50 илјади долари за реализација на приоритетни проекти за заедницата избрани со користење на

методологијата за спроведување на форуми во заедницата.

Активностите ќе се реализираат во две фази. Во периодот од јануари до декември 2019 е планирана едукација, вмрежување и избор на приоритетни проекти. Во втората фаза, од јануари до декември 2020 година ќе се реализираат приоритетни проекти на заедницата избрани преку форуми во заедницата.

Потпишувањето на Меморандумот за разбирање е најавено за овој месец во Скопје, по што ќе започнат активностите.

Општина Кочани

DSC_0014 (Copy)

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари