Фотографијата која ни беше испратена од еден наш редовен читател за новата дива депонија кај железничката станица отвори тема за дискусија кај поголем број на наши читатели, по што од КЈП „Водовод“ ни доставија известување во кое беа потврдиле дека поради оправдани причини наместо на главната депонија тие овде го истурале сметот. На крајот ветија дека со подобрувањето на временските прилики сметот ќе биде собран и однесен онаму каде и што му е местото, на главната депонија.

Она што го ветија во целост беше реализирано во текот на вчерашниот ден (Среда).

Сметот е собран и однесен онаму каде и што треба да биде.

Добро е што читателите ни испраќаат вакви фотографии бидејќи не може се да се виде и секаде да се стигне. Им благодариме на сите што имаат желба градот да ни биде чист и убав.

С. Ивановски

42

43

44

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари