На 17.01.2019 година во Пoлициската станица Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, полициски службеници ги лишиле од слобода С.П.(26), Д.М.(28) и М.А.(35), сите од Кочани. При претрес кај лицата била пронајдена марихуана.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
ИЗВОР: Дневни билтени на МВР
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.