17-тата редовна седница на Советот на општина Виница ја свикувам на ден 22.01.2019 година со почеток во 11,00 часот во салата за состаноци на 4-ти спрат во зградата на Локалната самоуправа Виница.

Пред утврдувањето на Дневниот ред, најнапред ќе се изврши усвојување на Записникот од 15-та седница на Советот на општина Виница одржана на ден 19.12.2018 година.

За оваа седница го предлагам следниот:

Д н е в е н р е д

1.Предлог- Програма за работа на Советот на општина Виница за 2019 година;

2.Предлог-Одлука за изменување на Одлуката за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2019 година;

3.Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Виница за 2019 година;

4.Извештај за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани, а неплатени обврски на општина Виница;

5.Предлог-Буџетски календар за подготовка и донесување на Буџетот на општина Виница за 2020 година;

6.Барање Согласност за измена на Годишен план за вработување на ЕЛС Виница за 2019 година;

7.Барање согласност за утврдување висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените на ЈП „Солидарност“ – Виница;

8.Предлог-Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2019 година (Стручен Елаборат);

9.Извештај за реализирање на Програма за работа на ЈП за комунално- производни и услужни работи „Кале“ – Блатец за 2018 година;

10.Извештај за реализираните активности на Општинската установа Дом на културата „Тошо Арсов“ – Виница во 2018 година;

11.Извештај за работата на Локалниот Археолошки и историски Музеј „Теракота“ – Виница за 2018 година;

12.Извештај за работата на ЈОУ Библиотека „Ванчо Прке“ – Виница за 2018 година;

13.Годишен извештај за пожарите на ТППЕ – Виница за 2018 година;

14.Програма за работа на ТППЕ – Виница за 2019 година;

15.Советнички прашања.

Совет на Општина Виница

Претседател,

М-р Тони Велков с.р.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари