Општина Кочани го објави конкурсот за доделување стипендија на спортист-спортска надеж на Кочани за остварени спортски резултати и достигнувања во 2018 година.

Право на стипендија имаат жителите на општина Кочани од 17 – 20 години, членови на спортски клуб, друштво или асоцијација регистрирана во Агенцијата за млади и спорт со решение за вршење дејност спорт. Кандидатите треба да бидат членови на национални спортски федерации кои реализираат национални спортски систем на натпревари и учествуваат во меѓународни натпревари за возрасни категории до 20 години; спортисти во екипни и во индивидуални спортови врз основа на остварени спортски резултати според утврдената Ранг-листа на најуспешните млади спортисти до 20 години од страна на Националната спортска федерација. Кандидатите можат да бидат учесници на национални или на меѓународни систем-натпревари во: борење, велосипедизам, гимнастика, карате, кошарка, скијање, тенис, триатлон, фудбал и шах.

Стипендијата се доделува шест месеци, од април до септември, со месечен износ од 3 илјади денари. Средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Кочани за 2019 година.

Рокот за доставување на пријавите е до 28 јануари до 15:30 ч. во Едношалтерска канцеларија на Општина Кочани или по пошта на адресата на Општина Кочани.

Начинот на поднесување на пријавата, постапката и критериумите за доделување стипендијата се опишани во целосната објава на конкурсот на веб-страницата на Општина Кочани.

Општина Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари