Општина Кочани го исплати четиримесечниот износ за стипендии за студентите корисници за студиската 2018/19 година.

Оваа година општинската поддршка во студирање ја користат 17 студенти, кои ги потпишаа договорите непосредно пред божиќните празници.

Според одлуката за доделување стипендии на студенти на јавните високобразовни установи во Република Македонија, годинава 10 стипендии се доделени на студенти кои оствариле успех во текот на студирањето, една стипендија е за студент од ромска етничка припадност, три стипендии се за студенти од социјално ранливи семејства и четири за студенти на медицински науки.

Стипендиите чиј месечен износ е 3 илјади денари се доделуваат за период од десет месеци, од септември до јуни.

Општина Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари