Во просториите на Локалната самоуправа во Кочани претставниците на медиумите ги избираа најуспешните во полето на спортот за 2018 година.

Се избираше „Најуспешен спортист“, „Најуспешен млад-надежен спортист“, „Најуспешна екипа“, „Најуспешен тренер“ и „најдобар спортски работник“.

Иако се избираа Најуспешните, сепак во одредени категории поени се доделуваа по некој друг критериум, додека остварените резултати не беа ставени во прв план. При изборот на „Најуспешна екипа“ и „Најуспешен тренер“ не се почитуваше досегашната пракса па така да тренерот на најуспешната екипа не беше прогласен и за најуспешен тренер а и обратно.

Во категоријата „Најуспешен спортист за 2018“ беа номинирани 14 спортисти а епитетот Најуспешен му припадна на Тошо Антов, член на Планинарското Спортско Друштво „Осогово“.

Во категоријата „Најуспешен млад-надежен спортист за 2018“  имаше доставено предлози за 15 спортисти а според добиените поени за Најуспешен е прогласена Јована Давиткова, член на Градскиот Шаховски Клуб „Кочани“.

За „Најуспешна екипа“ и „Најуспешен тренер“ беа пристигнати по пет предлози а за „Најуспешна екипа“ е прогласена Кошаркарски Клуб „Баскет Дино“, додека за „Најуспешен тренер“ Николче Колев од Клуб за Гимнастички Спортови „Кочани“.

Признанието „Најдобар спортски работник“ му припадна на Благојчо Каров од Клуб за Гимнастички Спортови „Кочани“ додека Благодарност за афирмацијата на спортот преку спортските коментари од самите натпревари постхумно ќе му биде доделан на Венцислав Симеонов – Брацо.

Свеченото доделување на признанијата ќе биде на манифестацијата која е закажана за 31 Јануари. Местото дополнително ќе биде одредено.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари