Ноќното скијање го положи испитот.

Првото ноќно скијање кое вечерва се одржа на „Пониква“ на патеката од „Ски лифт 3“ од учесниците е прогласено за успешно.

Повеќе од триесетина скијачи дојдоа да уживаат во ноќното скијање. Снегот кој за цело време паѓаше ги отежнуваше условите, но сепак сите оние кои се скијаа изразија задоволство бидејќи во ноќните часови под светлината на рефлекторите скијале повеќе од два часа.

Бидејќи и менаџерскиот тим кој раководи со ски-лифтовите бил задоволен од посетата најавил дека доколку има услови еднаш седмично ќе има ноќно скијање.

Инаку патеката иако е покриена со нов слој на снег со помош на ратракот е добро подготвена за љубителите на зимските спортови па според најавите од утре се очекува секој ден „Ски-лифт 3“ да работи.

С. Ивановски

3435

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари