Планинарската акција која за време на викендот ја организираше ПСК „Осогово“ а на која учествуваа 35 планинари од Кочани, Прилеп, Велес и Штип иако не во целост, сепак е успешно реализирана.

Од безбедносни причини акцијата не беше реализирана во целост, односно немаше искачување на „Раткова скала“ од причини што теренот беше доста влажен и опасен за искачување, па во согласност на сите учесници истата е прекината.

Инаку планинарите поминаа околу 20 км. Што во вакви временски услови и не е за потценување.

Враќањето во манастирот „Св. Пантелејмон“ беше уште еден момент на дружење, на заедничкиот ручек со традиционалното планинарско гравче и по некоја песна планинарите поминаа уште еден прекрасен викенд.

С. Ивановски

72

73

74

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари