Седуммина ученици со посебни образовни потреби кои престојуваат во Интернатот во Блатец, наскоро ќе имаат комплетно нови и софистицирани услови за работа во единствената институција во регионот која нуди настава и престој за основно образование.

Во тек е реконструкцијата на постоечкиот Интернат во Блатец, која според градоначалникот Ивица Димитров, се одвива во две фази: „Во тек е промената на дрвената столарија во Интернатот, по што ќе следува и нова фасада на зградата во чии состав е и Детската градинка. Од 1951 година кога е изграден објектот, досега е вршена само промена на кровната конструкција, ова е прва комплетна реконструкција после 6-7 децении. За овој проект се обезбедени 33.000 евра од УНДП, а дополнителни средства за комплетирање на ентериерот ќе бидат обезбедени од бизнис секторот и од Буџетот на општината“ рече Димитров..

Во овој објект со кој стопанисува подрачното училиште во Блатец, основно образование поминале преку 100-на деца со посебни образовни потреби, вели учителката Иванка Спасовска; „ Моменталната бројка е над 7, максимумот на сместени ученици во Интернатот достигнувал и до 30 од 1-9 одделение во наставата за деца со посебни образовни потреби. Во Источна Македонија е еден и единствен ученички дом, досега во мојата повеќегодишна работа овде поминале голем број ученици, сега моментално имаме од Пехчево, Пеклани, Градец, Нивичани, а со оваа реконструкција и подобрување на условите очекуваме дека ќе имаме и повеќе“, вели Спасовска.

Во состав на зградата, работи и детската градинка во Блатец каде моментално престојуваат 15 дечиња, а во истиот објект беше извршена и реконструкција на дрвената столарија, а ќе биде покриен и со нова фасада.

Општина Виница

DSC_1946

DSC_1920

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари