Интервенцијата на противпожарната служба при гаснењето на пожарот кој избувна раното наутро во објект на улицата „Маршал Тито“ ги вознемири жителите на оваа улица.

Територијалната противпожарна единица во Кочани утринава во 05:45 часот добила дојава за запален објект на улицата „Маршал Тито“. Се запалила рекламата на Казино „Винер“.

Интервенирано е со едно возило и двајца пожарникари кои веднаш по пристигнувањето започнале со гаснењето на рекламата од која излегувал пламен. Пожарот е изгаснат во 06:10 часот.

На место на настанот излезена е екипа од Полициска станица – Кочани, која ќе ги утврдува причините за избувнувањето на пожарот.

С. Ивановски

22

2324

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари