Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против против М.П.(29) и С.С.(20), двајцата од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги и психотропни супстанци“. На 15.03.2018 при претрес кај нив е пронајдена марихауна.

На 24.01.2019 година во 15.05 часот од Здравствениот дом – Кочани, било пријавено дека кај нив бил донесен Г.М. (50) од оризари, кочанско со тешка телесна повреда, која ја добил при работа во куќа на у.. „Никола Карев“ во Оризари. По укажаната лекарска помош Г.М. бил пренесен во Колиничката болница во Штип.

На  25.01.2019 година во 00.50 часот С.П. (36) од Кочани пријавила нарушување на јавниот ред и мир на ул. „Димтар Лазаров“ во Кочани со физичка пресметка помеѓу А.П (38) од Кочани од една страна и З.Ф. (52) и С.Ј (57) и двајцата од Кочани, од друга страна. По документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ИЗВОР: Дневни билтени на МВР и

Известување од  СВР – Штип

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари