По неколку години пауза една од најдобрите играчи на женскиот фудбал во Македонија Станкица Атанасова повторно е во старото јато.

Имено таа го прифати повикот на селекторот Кирил Изов и од 24 до 31 Јануари ќе ги одработи зимскиот дел од подготовките пред пролетните настапи кои ја очекуваат женската „А“ селекција на Македонија.

Подготовките ќе се реализираат во Охрид, а репрезентацијата е сместена во Хотелот „Инекс Горица“. Селекторот Изов со своите помошници ќе работат со 22 девојчиња кои ќе треба да одиграат два меѓусебни натпревара.

Атанасова имаше повик и претходно за настапите на Репрезентацијата на Македонија против Косово но од оправдани причини не можеше тогаш да ја прифати поканата.

С. Ивановски

9293

94

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари