Резултатски сосема исто како и на стартот на првенството пингпонгарите на „Кочани“ ја започнаа и пролетната сезона.

Во рамките на 8-то и 9-тото коло кочанчани ги совладаа своите противници со идентичен резултат 4:0.

Нивните противници од „Пошта 2“ и „Пелистер“ во оваа сезона не успеаја да им откинат ниту една победа на пингпонгарите на „Кочани“, бидејќи на двапати кочанчани ја покажаа својата сила и славеа со по 4:0.

И двете кола како и сите претходни се одиграа во Скопје, согласно одлуката на федерацијата која е на сила од претходното првенство.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари