Дел од театарските и културните работници од Кочани денес попладнето остварија средба со Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев на која уште еднаш ја дадоа својата поддршка за формирање на Професионален Театар во Кочани.

Градоначалникот на Општина Кочани започна постапка за формирање на Професионален Театар во Кочани, а советниците со донесување на одлука кон крајот на минатата година ја официјализираа неговата иницијатива.

Токму донесувањето на Одлука на Советот на Општина Кочани иницира голем дел од театарските и културните работници по потекло од Кочани со свои потписи да ја поддржат донесената одлука и иницијативата на Советот на Општина Кочани испратена до Министерството за култура на Република Македонија.

Градоначалникот веќе ја пласираше својата иницијатива, поддршка му дадоа советниците од Советот на Општина Кочани а сега и  театарските и културните работници од „градот на оризот“, на потег е Министерството за култура на Република Македонија да ја прифати оваа иницијатива и на Кочани да му го врати стариот дух, времето кога во периодот од 1951-1959 година во Кочани постоеше Професионален Народен Театар кој своите претстави ги изведуваше во салата на тогашниот Работнички Универзитет „Ленин“, дене сала на „Мултикултурниот центар“.

С. Ивановски

IMG-9460

55

57

56

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари