Со топењето на снегот постепено се создаваат услви за продолжување на градежните работи и во претстојната година. Градоначалникот Димитров ги привршува планираните активности од претходната година со кои беше зацртано поставување на бехатон плочки на површина од 5450 м2. Од почетокот на годинава се уредува тротоарот покрај автобуската станица во Виница, се

поплочија тесните улички покрај храмот „Св.Архангел Михаил“, како и повеќе тесни сокаци во горниот дел од градот.

Претходната година заврши поплочувањето покрај храмот „Св.Лука“, улицата „Даме Груев“, улицата „Крушевска“ како и тротоарот на излезот од Виница кон Берово .

Вкупната вредност на оваа инвестиција е 3,5 милиони денари, а планирани беа вкупно 5450 метри со бехатон плочки, од кои 3000 м2 се во градот, останатите во селата.

Општина Виница

DSC_1824

DSC_1998

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари