Комшиското дерби во Втората Кошаркарска Лига – Исток сосема заслужено им припадна на гостите од Македонска Каменица.

Во „Спортската сала“ во Кочани домаќинот „Баскет Дино“ претрпе пораз од „Баскет Кам“ 71:84 (13:26; 25:26; 22:18; 11:14).

Гледано по четвртини гостите заслужено стигнаа до победата во натпревар на кого домаќините потфрлија во повеќе сегменти на кошаркарската игра.

„Заслужено сме поразени. Моите кошаркари денес како да немаа свој ден. Скокот и во одбраната и во нападот не функционираше, а прецизноста како за два, така и за три поени беше далеку од просекот кој го имавме во изминатите кола. Им честитам на гостите за победата“ беше изјавата на Сашо Лазаров – тренерот на КК „Баскет Дино“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари