Добро е што некој го чита напишаното а преку тоа и го слуша гласот на народот.

Проблематичните скали или „Скалите на стравот“ во зимски услови кои се наоѓаат на јужниот дел од блокот „А“ во Градскиот Трговски Центар од денес добиваа нешто што и те како им беше потребно на минувачите.

Денес на средината на скалите започна поставувањето на ракофати со што ќе им се олесни движењето на минувачите кога скалите се подмрзнати или покриени со снег.

За потсетување само, во изминатите години повеќе наши сограѓани имаа паѓања на овие скали особено во зимски услови кои за среќа немаа фатални последици.

Како што дознаваме и другите скали кои се на северниот дел од истиот блок набргу ќе добијат страничен ракофат.

С. Ивановски

P3960232

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари