Деновиве Стефан Ковачевиќ доби признание кое многумина учесници во училиштнот спортот го посакуваат.

Имено тој како член на СОУ „Никола Карев“ од Струмица го доби признанието „Најдобар млад спортист во масовен спорт во Југоисточен Балкан за 2018 година“, а неговото училиште е прогласено за „Најдобар училиштен спортски клуб“ откако станаа убедливо Државни прваци во мал фудбал.

Инаку Стефан Ковачевиќ е млад и доста надежен голман пред кого како што велат стручњаците претстои богата фудбалска кариера.

Дека нивните тврдења се оправдани се потврди уште за времето на овој зимски преоден рок кога за услугите на Ковачевиќ неколку третолигаши и второлигаши искажаа желба да го ангажираат.

Моментно Стефан Ковачевиќ е член на Академијата „Пандев“ од Струмица.

С. Ивановски

P3080451

P3690125

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари