Како што не информираат, утре (Среда) со почеток во 16:30 часот ќе започне ноќното скијање на патеката на „Ски – лифт 3“ а паралелно и на патеката на „Ски-лифт 1“.

Патеката иако е со дебела снежна покривка сепак истата е добро подготвена па љубителите на зимските спортови ќе можат да уживаат во скијањето.

Бидејќи првото ноќно скијање ги даде посакуваните резултати ќе се продолжи како утре, така и во наредните седмици љубителите на зимските спортови да скијаат во ноќните саати.

Ски-лифтот предвидено е да работи до 20:30 часот.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари