Во присуство на голем број спортисти и љубители на спортот со културно-забавна програма, вечерва и официјално беа прогласени најуспешните во спортот во Кочани за 2018 година.

Најпрвин беше доделено признанието „најуспешен спортски работник“ а честа годинава да го понесе ова признание му припадна на Благој Каров – Претседател на Клуб на Гимнастички Спортови  „Кочани“. За „Најуспешен тренер“ е прогласен Николче Колев а за „Најуспешен клуб“ Кошаркарски Клуб „Баскет Дино“.

Во категоријата „Надежен спортист“ од пристигнатите 18 предлози комисијата се одлучи за 11.

  1. Јована Давиткова (ГШК Кочани)
  2. Филип Стојанов (Карате К. Партизан)
  3. Петар Ивановски (КК Баскет Дино)
  4. Ана Апостолова (ЖФК Кочани)
  5. Антонио Јаношевиќ (КГС Кочани)
  6. Кирил Крстев (ПСК Осогово)
  7. Благоја Тасевски (Карате К. Партизан)
  8. Марио Симоски (ФК Фудбал Старс)
  9. Наталија Карова (Карате К. Кочани)
  10. Стефанија Павлова (ЏК Гладијато и Давид Стоиков (РК Младинец)

Во конкуренцијата „Најуспешен спортист за 2018“ од пристигнатите 15 номинации беа избрани 10 најуспешни.

  1. Тошо Антов (ПСК Осогово)
  2. Стојан Атанасов (КГС Кочани)
  3. Ѓорги Петров (Карате К. Партизан)
  4. Филип Филипов (КК Баскет Дино)
  5. Љубомир Давитков (Карате К. Кочани)
  6. Мартина Шахинова (Карате К. Партизан)
  7. Ристе Симеонов (КГС Кочани)
  8. Ива Таушанова (Карате К. Партизан)
  9. Станкица Атанасова (ЖФК Кочани)
  10. Дамјан Крстов (ЏК Гладијатор)

С. Ивановски

DSCN8569 - Copy

DSCN8572

DSCN8530

2100

DSCN8506

DSCN8611

 

DSCN8496

DSCN8494

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари