Денес на страната на СРЗЕК „Кочански Рибар“ објавено е известување за забележан голем помор на риба во река Брегалница кое Ви го пренесуваме во целост.

Известување,
Во текот на денешниот ден на Река Брегалница на потегот од Слив до Зрновски Мост констатиран е помор на рибата.

Од страна на СРЗЕК „Кочански Рибар“ излезени се неколку групи на терен за согледување на ситуацијата на целиот Кочански Ревир и за ова се известени надлежните Инспекциски служби.

Констатиравме дека проблемот т.е. евентуалното затровување на рибата можно е да доаѓа од Виничкиот ревир на Река Брегалница за што го известивме и Концесионерот на тој дел и секако надлежните Инспекциски служби.

Се надеваме дека ќе се најде сторителот и ќе се постапи согласност законот.
На останатиот дел од Кочанскиот ревир не е констатиран помор на рибата.

93

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари