Првите 6 деца од предучилишна возаст во село Лески заедно со нивните родители го осетија благодетот од функционирањето на новоотворената училница за ран детски развој во рамки на подрачното училиште „Славчо Стојменски“. За нив ова е прва официјана посета на училиште, а нивната прва радост ја споделија и со првите посетители денес.
За почеток, условите за престој се и повеќе од очекувањата на родителите, училницата е опремена според сите стандарди за работа со деца од оваа возраст, а инвентарот е комплетно нов со реквизити и едукативни помагала.

Според директорката Наташа Анакиева, наместо 3 часа, овозможен е престој од 6 часа, како и еден оброк во текот на денот кој е обезбеден со помош на општината и училиштето.
Градоначалникот Димитров истакна дека општината ги прави сите напори оваа училница со дополнителни преадаптации постепено да прерасне во детска градинка, и очекува во најскоро време сите деца од село Лески кои одат во градинка во Виница, да се префрлат овде.

Во овој проект УНИЦЕФ инвестираше 571.000,00 денари, а општината, училиштето и градинката помогнаа со доопремување со околу 100.000,00 денари.

Општина Виница

44

45

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари