Фудбалерите на „Слога 1934“ од Виница под водството на новиот Шеф на стручниот штаб Крсте Крстев ги започнаа подготовките за пролетниот дел од првенството во Трета Фудбалска Лига – Исток.

На првата прозивка се појавија дваесет играчи а оние кои поради работни обврски беа отсутни ќе се приклучат во сабота и недела.

„Подготовките кои ќе се одвиваат во три фази ќе ги реализираме во Виница а ќе тренираме по еднаш дневно. Во првата фаза играчите ќе работат на аеробната издржливост, а веќе во втората планирани се техничко-тактички тренинзи за да во последната фаза одиграме неколку подготвителни натпревари. Најпрвин ќе одиграме со второлигашот „Детонит“ од Радовиш но местото дополнително ќе го одредиме. Следуваат два натпревара во Виница а противници ќе ни бидат „Илинден“ од Скопје и „Превалец“ од Велес. Четврата контрола ќе ја одиграме во Штип а противник ќе ни биде второлигашот „Брегалница“. Серијата подготвителни натпревари ќе ја завршиме со „Осогово“ а местото на одигрувањето на овој натпревар дополнително ќе биде утврдено“ беше изјавата по завршување на првиот тренинг на Крсте Крстев.

Што се однесува до играчкиот потенцијал  на оние играчи кои настапија во есенскиот дел им се приклучи Пепи Даниловски од „Осогово“ како и неколку играчи повратници во екипата.

Дознаваме дека целта е да се создаде екипа која преку натпреварите во пролетниот дел од првенството ќе се воигра се со цел во следното првенстводае води битка за висок ако не и највисок пласман.

С. Ивановски

73

74

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари