Пингпонгарите на „Кочани“ со победа и пораз ги одиграа натпреварите 10-тото и 11-тото коло во Првата пингпонгарска лига.

Во првиот натпревар од денешниот ден „кочанчани“ ја совладаа екипата на „Дебар маало“ со 4:1 и со тој резултат веќе се зацврстија на втората позиција на конечната табела со што обезбедија бараж за влез во Супер пингпонгарската лига на Македонија.

На вториот натпревар „жетварите“ настапија без двајца стандардни играчи а со еден повреден и загубија од „Студент“ (Скопје) 2:4.

Но, поразот не ги загрижи бидејќи како што ни изјавија силите ќе ги штедат за да успеат да победат во баражот и да го вратат кочанскиот пинг-понг онаму каде и што му е местото во највисоката Македонска лига.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари