Денес од жител од улицата „Скопска“ во Кочани добивме фотографии и опис на истите преку кои тој и другите жители од оваа улица бараат интервенција од надлежните за да не дојде како што пишуваат до несакани последици.

Имено во непосредна близина на маркетот „Зендолино“ се наоѓа дваесет киловатна трафостаница која буквално плива во вода со непријатна миризба за која жителите претпоставуваат дека е од канализацијата.

Бараат интервенција од надлежните во општината а посебно од „ЕВН“ да дојдат и да спречат да не дојде како што пишуваат до некаков спој па последиците и штетите да бидат ненадоместливи.

Се надеваме дека овој допис ќе дојде до повиканите страни и дека уште во првиот ден од новата работна седмица ќе се интервенира на самото место за да се види од каде доаѓа водата и дали постои опасност да направи некаков спој во трафостаницата.

Порталот упатува благодарност за фотографиите и краткиот опис на настанот.

С. Ивановски

62

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари