Поморот на риби од „Слив“ до „Зрновски мост“ што беше забележан во петокот, беше причина вчера да заседава Управниот Одбор на „Кочански Рибар“ еден од концесионерите на река Брегалница, односно концесионер во чиј регион е и забележан поморот на рибата.

Како што сме информирани, донесена е одлука да се стапи во контакт и со останатите концесионери (Виница и Штип), да се испита целиот случај, да се казнат виновниците и еднаш засегогаш да се стави крај на затровувањето на риби кое зачести последните четири до пет години.

Земените мостри од загадената вода и затровената риба се испратени на испитување а резултатите со нетрпение се очекуваат.

На ред е Министерството за екологија чија задача ќе биде да ги собере сите информации, да го преземе целиот случај во свои раце и виновниците да бидат казнети со највисока казна, бидејќи уништен е голем број не само на голема риба, туку и на подмладок за кој ќе треба време за да се надомести.

Му одговарало некому или не, МОРА да се најде виновникот и МОРА да се понесе одговорност.

С. Ивановски

5255

5354

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари